Серијата „Истрага на местото на злосторство“ завршува по 15 сезони

15.05.2015 13:48

Серијата беше многу важна за мрежата. Беше една од сериите која помогна да се смени насоката и драго ни е што можеме да ја завршиме во вистинско време, изјави Кели Кал од Cи-Би-Ес...

Телевизијата Си-Би-Ес соопшти дека култната серија „Истрага на местото на злосторството“ (ЦСИ) ќе заврши по 15 сезони на емитување и тоа со телевизиски филм во траење од два часа.
 
Серијата беше многу важна за мрежата. Беше една од сериите која помогна да се смени насоката и драго ни е што можеме да ја завршиме во вистинско време, изјави Кели Кал од Cи-Би-Ес.
 
Телевизијата вети „епски“ крај на серијата што ќе се емитува на 27 септември, а во него е најавено враќање на актерите Вилијам Петерсон и Марг Хелгбергер.