Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции за првиот квартален конкурс во 2015 година

15.05.2015 15:25

Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија број 01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со првиот квартален конкурс од 2015 година, објавен на 30.12.2014 година, Директорот на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 08.05.2015 година ја донесе следната:

 

 

 

О Д Л У К А

за избор на изведувачи односно на нови композиции

 

 

Член 1

Директорот на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција врз основа на доставениот Извештај со број 20-2159/7 од 28.04.2015 година, Измена на Извештај број 20-2159/11 од 07.05.2015 година и Исправка на Извештај број 20-2159/12 од 08.05.2015 година на Комисијата за одлучување по првиот квартален конкурс за 2015 година, во состав Методија Автовски (претседател), Марко Коловски, Лилјана Автовска, Васка Наумова Томовска, Дритон Сулејмани, Никола Фириев  и Јошко Бошковски

 ДОНЕСЕ Одлука за избор на изведувачи, односно на нови композиции од првиот квартален конкурс од 2015 година, објавен на 30.12.2014 година, со која избрани се следните изведувачи, односно автори и прифатени се следните композиции:

 

 

 

Категорија „ТАЛЕНТИ“:

 

Забавна музика

 

1.    ПАНЧЕ ИЛИЕВ, како изведувач на композицијата „УШТЕ СИ МИ ТИ“, автор на музика и текст Панче Илиев, автор на аранжман Иле Спасев, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО.

 

2.    БЕТИМЕ ЗУЛАЛИ, како изведувач на композицијата „НУК ДУА“, автор на музика, текст и аранжман Бетиме Зулали, продуцент на аудио запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје, продуцент на видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје.

 

 

Народна музика

 

1.    НИКОЛОВА СТОЈНА, како изведувач на композицијата „ОПИУМ“, автор на музика Бобан Мојсовски, автор на текст Драган Таневски, автор на аранжман Бобан Мојсовски, продуцент на аудио и видео запис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА.

 

 

 

              Категорија „АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ“:

 

  Забавна музика

 

1.    КАТЕРИНА БРЕЗЕВА како изведувач на композицијата „МЕСЕЧИНА“, автор на музика и аранжман Јован Јованов, автор на текст Катерина Брезева, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРД ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ДООЕЛ  Скопје.

 

2.    МУСТАФА ИМЕРИ  како изведувач на композицијата „БЕЗ ТЕБЕ“, автор на музика, текст и аранжман Мустафа Имери, продуцент на аудио запис ПРИМА-АДЕМ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ДООЕЛ  Скопје

 

      Народна музика

 

1.    ГРАМОС АЉИЈИ  како изведувач на композицијата „ПРВА ЉУБОВ“, автор на музика Грамос Аљији, автор на текст Мендерес Љумани и автор на аранжман Вулнет Ибраими, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје.

 

2.    ЈОВИЦА МИЦЕВСКИ како изведувач на композицијата „СУДБО БЕЛА“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕРМЕДИА  ДООЕЛ увоз извоз Скопје, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

 

 

 

                   Категорија „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

1.    АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ како изведувач на композицијата „НЕ СИ ВИЛА ТИ “, автор на музика и аранжман Иван Јованов, автор на текст Ксенија Николова, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА  ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ИГОР МИТРОВИЌ  како изведувач на композицијата „САМ“ автор на музика, текст и аранжман Александар Масевски, продуцент на аудио запис Џубокс Груп ДОО Скопје, продуцент на видео запис 3Д ПРОЕКТ СТУДИО ДОО  Скопје.

 

3.    НАДА ТАЛЕВСКА како изведувач на композицијата „КОЛКУ МОЖЕ ДА БОЛИ ЉУБОВТА“, автор на музика и аранжман Александар Масевски, автор на текст Билјана Пашариковска, продуцент на аудио запис Џубокс Груп ДОО Скопје, продуцент на видео запис 3Д ПРОЕКТ СТУДИО ДОО Скопје.

 

4.    НАДА ТАЛЕВСКА како изведувач на композицијата „НЕМАМ СИЛИ“, автор на музика, текст и аранжман Александар Масевски, продуцент на аудио запис Џубокс Груп ДОО Скопје, продуцент на видео запис 3Д ПРОЕКТ СТУДИО ДОО  Скопје.

 

Народна музика

 

1.    ТЕФИК ИСЛАМИ како изведувач на композицијата „ДАСМА“, автор на музика и текст Мендерес Љумани и автор на аранжман Вулнет Ибраими, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје.

 

2.    ИБУШ ИБРАИМОВСКИ како изведувач на композицијата  „ВЕЧЕН БОЕМ“, автор на музика и аранжман Тоде Спасовски, автор на текст Татјана Петровска, продуцент на аудио и видео запис  СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје

 

3.    ИБУШ ИБРАИМОВСКИ како изведувач на композицијата „НАЈЛИЧНА МОМА“, автор на музика и аранжман Тоде Спасовски, автор на текст Татјана Петровска, продуцент на аудио и видео запис  СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје

 

4.    ИРЕНА СПАСОВСКА како изведувач на композицијата „ДОБРО УТРО УБАВ МОЈ“, автор на музика Ирена Спасовска, автор на текст Борче Нечовски, автор на аранжман Николче Мицевски, продуцент на аудио и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Охрид.

 

Категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“:

 

Забавна музика

 

 

1.    ЃОКО ТАНЕВСКИ како изведувач на композицијата „ИЛЈАДА ПРИЧИНИ“, автор на музика, текст и аранжман Дамјан Лазаров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис Д.Ф.П.М.Друштво за  филмска продукција ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА Скопје.

 

2.    АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА како изведувач на композицијата „БЕЗ МИЛОСТ“, автор на музика и аранжман Драган Гиновски, автор на текст Андријана Јаневска, продуцент на аудио запис ГИНОВСКИ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП- Скопје.

 

3.    МАРИЈАН СТОЈАНОВСКИ како изведувач на композицијата „ИСТА ПРИКАЗНА“, автор на музика, текст  и аранжман Ана Пандевска, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис Д.Ф.П.М. Друштво за филмска продукција ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА Скопје.

 

4.    АГИМ ПОШКА како изведувач на композицијата „СТО ГОДИНИ“, автор на музика, текст и аранжман Агим Пошка, продуцент на аудио и видео запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје.

 

5.    ЃОКО ТАНЕВСКИ како изведувач на композицијата „ВО ОВОЈ СВЕТ“, автор на музика, текст и аранжман Дамјан Лазаров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис  Д.Ф.П.М Друштво за филмска продукција ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА Скопје.

 

6.    РИСТО САМАРЏИЕВ како изведувач на композицијата „ЗА СЕ ШТО ЗА МЕНЕ СИ БИЛА“, автор на музика и текст Ристо Самарџиев, автор на аранжман Кристијан Габроски, продуцент на аудио запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА  Скопје, продуцент на видео запис ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДОО Скопје.

 

 

Народна музика

 

1.    КАТЕРИНА ТАНЕВА ЃОРЃИЕВА ( Група Нели ти реков ) како изведувач на композицијата „ТИ МИ ТРЕБАШ“, автор на музика, текст  и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА.

 

2.    БЛАГА ПЕТРЕСКА како изведувач на композицијата „СТУДЕНА СОЛЗА“, автор на музика и аранжман Миле Барбаровски, автор на текст Орце Зафировски, продуцент на аудио и видео запис СИТИ САУНД ДООЕЛ Скопје .

 

 

Категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“:

 

1.    САМИ АЛИУ како автор на музика текст и аранжман на композицијата „ЧОКОЛАДА“ продуцент на аудио запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДОО Скопје.

 

2.    САМИР ДУРГУТИ како автор музика и аранжман на композицијата  „ЛИБРИ ИМ“, автор на текст Дрианта Рашиди, продуцент на аудио запис АВАНГАРДЕ ААЉ ДООЕЛ Скопје.

 

3.    АНА ПАНДЕВСКА како автор на музика, текст и аранжман на композицијата   „СЛОНЧЕ“, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје.

 

4.    ВАНЧО ДИМИТРОВ како автор на музика на композицијата „ПЛАНЕТА ЗЕМЈА“, автор на текст Јелисавета Танасковска, автор на аранжман Димитар Димитров, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС, Скопје.

 

5.    ДАМЈАН ЛАЗАРОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „БЕЛА“, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје.

 

6.    ВЛАДИМИР ДОЈЧИНОВСКИ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „МОЕТО МАЧЕ“, продуцент на аудио запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

7.    АНА ПАНДЕВСКА како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ПРОЛЕТ“, продуцент на аудио  запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје.

 

8.    ВЛАДИМИР ДОЈЧИНОВСКИ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „МАКЕДОНИЈА“, продуцент на аудио запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје 

 

9.    ДАМЈАН ЛАЗАРОВ како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ДАРКО“, продуцент на аудио запис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје. 

 

10.  ТАЊА БАЈРАКТАРОВА како автор текст на композицијата „СОНЦЕ И ДОЖД“, автор на музика и аранжман Андријана Јаневска, продуцент на аудио запис ГИНОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

 

11.  ВЕСНА ВАЛЕНТЕ како автор на текст на композицијата „ЛЕТЕН РАСПУСТ“ автор на музика и аранжман Златко Попчевски, продуцент на аудио запис ГЛИФАДА ДООЕЛ – Битола.

 

 

Категорија „КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРААТ СЕМЕЈНИТЕ  ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ИЛИ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА“:

 

 

1.    ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „ПРСТЕН ДАРУВАМ “, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје.

 

2.    ЕЛВИР МЕКИЌ како изведувач на композицијата „СЕМЕЈСТВО“, автор на музика, текст и аранжман Елвир Мекиќ, продуцент на аудио запис Глобал Мјузик Рекорд ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ЛУНА ПАРК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

                   

 

Категорија: КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРА ИСТОРИЈАТА НА  МАКЕДОНИЈА

 

 

1.    СТЕВЧЕ ЌИРОСКИ како изведувач на композицијата „НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ“, автор на музика, текст и арнанжман Стевче Ќироски, продуцент на аудио и видео запис АЛЕКСАНДЕР АРП ДООЕЛ Скопје.

 

2.    БОБАН ЦАНЕВСКИ како изведувач на композицијата „ЈАНИЧАРИ“, автор на музика и текст Орце Гелевски, автор на аранжман Тодор Трајчевски,  продуцент на аудио запис и видео запис ИНТВ АУ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Охрид.

 

3.    ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „МАКЕДОНИЈА СВЕТА, ВЕЧНА, ДРЕВНА, ИСКОНСКА “, автор на музика, текст и аранжман Ѓорги Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје.

 

 

Категорија „ЅВЕЗДИ“:

 

Забавна музика

 

1.    ДАРИЈО ПАНКОВСКИ (ДВЕ  КОМПОЗИЦИИ)

2.    РОБЕРТИНО САЗДОВ  (ДВЕ  КОМПОЗИЦИИ)

 

 

Народна музика

 

1.    МОМИР НИКОЛОСКИ  (ЕДНА КОМПОЗИЦИЈА)

 

Член 2

    Оваа Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

 

Врз основа на член 3 од Законот за поддршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции.

          

           Со Решение број 02-2159/4 од 09.04.2015 година, Директорот на ЈРП МРТ Скопје утврди Листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

 Врз основа на член 16 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, по случаен избор (лотариски систем) се изврши избор од Листата на членови и со Одлука број 20-2159/6 од 14.04.2015 година на Директорот на ЈРП МРТ беше формирана Комисијата за избор по конкурс која ќе учествува во постапка за одлучување по првиот квартален конкурс од 2015 година, објавен на 30.12.2014 година, а согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

             Комисијата во состав Методија Автовски (претседател), Марко Коловски, Лилјана Автовска, Васка Наумова Томовска, Дритон Сулејмани, Никола Фириев и Јошко Бошковски членови на Комисијата, по преслушувањето на композициите и разгледувањето на пријавите со потребните документи, до Директорот на ЈРП МРТ Скопје, достави Извештај со бр. 20-2159/7 од 28.04.2015 година за избор на изведувачи односно на нови композиции на конкурсот за првиот квартал, Измена на Извештај број 20-2159/11 од 07.05.2015 година и Исправка на Извештај број 20-2159/12 од 08.05.2015 година, согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

 

 

Согласно Извештајот број 20-2159/7 од 28.04.2015 година, Измена на Извештај број 20-2159/11 од 07.05.2015 година и Исправка на Извештај број 20-2159/12 од 08.05.2015 година, Директорот на ЈРП МРТ Скопје во законски утврдениот рок согласно член 20 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.