Шарапова и Ѓоковиќ најдобри во вечниот град

17.05.2015 20:12

Победа со која Ѓоковиќ го надмина Федерер на листата на освојувачи на мастерс турнирите со вкупно 24 триумфи и стигна до вкупно 53-тата турнирска победа во кариерата...

Светскиот рекет број 1 ,Новак Ѓоковиќ по 4-ти пат го освои вечниот град со победата во финалето на мастерс тенискиот турнир во Рим против Роџер Федерер со 2-0 во сетови(6-4 и 6-3).Победа со која Ѓоковиќ го надмина Федерер на листата на освојувачи на мастерс турнирите со вкупно 24 триумфи и стигна до вкупно 53-тата турнирска победа во кариерата,најавувајќи дека е во одлична форма на земјени терени пред стартот на Роланд Гарос.

На женскиот дел од турнирот во препознатлив стил Марија Шарапова откако го загуби првиот сет во финалето против Суарез-Наваро,успеа да се врати и да слави со 2-1.