Кошарка - Супер лига

Шампионот и рекордерот фаворити

19.05.2015 21:33

Мечевите се презакажуваа, клубовите меѓусебе и со Федерацијата комуницираа со соопштенија, па Суперлигата се оддолжи. Во одложениот натпревар од претпоследното девето коло, Куманово дома го совлада Работнички со 108:98 по продолжение....

Конечно се комплетира суперлигашкиот дел од кошаркарското првенство и тоа со одложениот дуел од деветото коло којшто ништо не влијаше на полуфиналните двојки.

Мечевите се презакажуваа, клубовите меѓусебе и со Федерацијата комуницираа со соопштенија, па Суперлигата се оддолжи. Во одложениот натпревар од претпоследното девето коло, Куманово дома го совлада Работнички со 108:98 по продолжение. Џекиќ постигна 21 поен, во отсуство на Чековски, најефикасен кај гостите и на дуелот беше Гечевски со 26 коша.

Сепак тоа беше натпревар само за престиж, бидејќи и двата тима в петок ќе ја почнат меѓусебната полуфинална плеј - оф серија  во којашто за подобар се потребни две победи. Како второпласиран, Работнички ќе ја има предноста на домашниот паркет во евентуалната мајсторка којашто е планирана за седум дена. Вториот дуел ќе се одигра в недела во Куманово.

Одбраната на титулата пак, МЗТ Скопје ќе ја продолжи во полуфиналните пресметки со Фени Индустри. Како најдобри во суперлигашкиот дел од сезоната, аеродромци ако е потребно двапати ќе играат во Јане Сандански. Терминиот за кошаркарските преноси е 19 часот на МРТ - Собранискиот сервис, в петок од „Градски парк“ и в недела од Кавадарци.