Кошарка НБА

Вориорс поведоа со 1:0

20.05.2015 09:32

Кари постигна 34 поени, зачинети со 6 скокови и со 5 асистенции, со шут за три поени 6/11, со што влезе во избрано друштво на петмина на кои што им пошло од рака да реализираат најмалку 30 поени...

Кари повторно го надигра Харден, Рокетс немаат лек за комплексот. Голден Стејт славеше со 110:106, за почетно водство во западната финална серија.
 
Кари постигна 34 поени, зачинети со 6 скокови и со 5 асистенции, со шут за три поени 6/11, со што влезе во избрано друштво на петмина на кои што им пошло од рака да реализираат најмалку 30 поени, 5 асистенции и 5 скокови со 5 погодени тројки, во последните 30 години. Другите четири имиња се Брајант, Бирд, Ален и Џинобили.
 
Харден беше втор во изборот за МВП зад Кари, беше втор и синоќа, со 28 поени, 11 скокови, 9 асистенции и 4 украдени топки. Неговиот Хјустон загуби 5 по ред од Голден Стејт, а на теренот на противникот нема победа од 13 декември пред две години. Хауард го повреди левото колено и не се знае дали ќе продолжи да игра сезонава.
 
По полноќ, Перо Антиќ и Атланта ја отвораат финалната серија на Истокот, против Леброн Џејмс и Кливленд.
 
За одбележување е и победата на Минесота, на драфт лотаријата, со што Тимбервулфс прв пат во својата историја ќе бираат први, а имаат шанса во своите редови прв пат во историјата на НБА лигата да соберат три врзани први пикови, затоа што веќе ги имаат Вигинс и Бенет, кои што дојдоа во трејдот за Кевин Лав.