Леброн и Смит ја приземјиа Атланта, Ленард ја предводи идеалната дефанзивна петорка

21.05.2015 13:56

Леброн го помина Џордан на листата кошаркари со најмалку 30 поени, 5 скокови и 5 асистенции на еден плеј-оф меч. Кралот има 52 такви натпревара, МЏ еден помалку. Смит погоди рекордни за Кливленд 8 тројки на еден плеј-оф меч...

Антиќ остана без поени во првиот финален дуел на Истокот, со 3 дефанзивни скокови и со по еден промашен шут за два и за три. Хокс ја загубија предноста домашен терен, во поразот 89:97 од Кавалирс. Блескаа Леброн со 31 поен и Смит со 28, кај поразените Тиг постигна 27.
 
Леброн го помина Џордан на листата кошаркари со најмалку 30 поени, 5 скокови и 5 асистенции на еден плеј-оф меч. Кралот има 52 такви натпревара, МЏ еден помалку. Смит погоди рекордни за Кливленд 8 тројки на еден плеј-оф меч.
 
Атланта најверојатно ќе остане без најдобриот дефанзивец сезонава и поентер во доигрувањето, Демар Керол, кој што го повреди коленото. Следниот меч во источното финале се игра в сабота, а по полноќ се среќаваат Голден Стејт и Хјустон, со 1:0 за Вориорс.
 
Кавај Ленард ја предводи најдобрата дефанзивна петорка, прв пат во неговата кариера во сезоната кога прв пат беше прогласен за дефанзивец на годината. Со него, во идеалните одбранбени 5, се уште Дрејмон Грин од Голден Стејт , Тони Ален од Мемфис и дуото од ЛА Клиперс, Деандре Џордан и Крис Пол.