Богатство, гламур, престиж

21.05.2015 17:29

Избрано друштво што ја испиша историјата на улиците по кои возењето Нелсон Пике го спореди како да управувате велосипед во дневната соба.Патека каде што нема место и што не дозволува грешки,на која бариерите се само на сантиметар- два од болидот...

Со Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман, трката за големата награда на Монако влегува во единствената категорија-легендарна трка на која и настапот е престиж,а победата влез во историја.Трка што веднаш асоцира на најголемите во најбрзиот спорт,легендарниот Сена кој е недостижен со 6 победи, Михаел Шумахер и мистер „Монте Карло“- Грем Хил кои по 5 пати славеле на улиците во кнежевството како и професорот Ален Прост со 4 победи. Избрано друштво што ја испиша историјата на улиците по кои возењето Нелсон Пике го спореди како да управувате велосипед во дневната соба.Патека каде што нема место и што не дозволува грешки,на која бариерите се само на сантиметар- два од болидот.Велат дека е најопасна но низ догогодишната историја е забележан само инцидентот со трегичен крај на Лоренцо Бадини во 1967-та кога изгоре во неговиот болид,а меѓу легендарните настани е и излетувањето на Аскари директно во морето.

Патека на која речиси нема место за претекнување, па пол-позицијата може да биде решавачка,но во пресрет на неделната трка Пирели понуди комплетно нови супер-меки пневматици кои перфомансите максимално ги подредуваат на стилот на возење што може да донесе и различни стратегии ,но и дополнителна возбуда.Патека по која Нико Росберг одел пешки на училиште,а сега доаѓа како победник во изминатите две сезони.Мотив повеќе за лидерот во поредокот Луис Хамилтон кој има само 1 триумф во 2008-та и најбрзо време на првиот слободен тренинг.Претпладневната сесија не дава увид во потенцијалот,но 9-те мина возачи во една секунда најавија интересна битка.

Вториот тренинг во време на квалификациите и трката одново му припадна на Хамилтон,но не даде јасна слика за потенцијалите откако возачите ги пречека влажна патека и дожд.Росберг имаше второ време со огромни 8 десетинки зад клупскиот колега,Фетел и Раиконен доцнеа над 1 секунда,добри тренинзи имаше Алонсо со пласман на 8 место,а потфрлија Вилијамсите на Маса и Ботас со пласман на 12-тото и 13-тото место.

И да не биде премногу здодевно се потврди дека ќе се погрижи и времето.Променливо облачно со можен дожд, и в сабота од 14 часот на квалификациите и в недела во истиот термин на трката за големата награда на Монако со преноси на македонската телевизија.