Прв пол за Хамилтон во Монако

23.05.2015 17:12

Триумфот во кнежевството не му е непознат на британецот ,но во 2008-та победи од третата позиција на гридот,за сега со првата пол позиција во Монако,43-та во кариерата...

Ако се суди според традицијата и поновата историја која вели дека на 10 од последните 11 трки за големата награда на Монако триумфирал возачот што е на пол-позиција,тогаш актуелниот шампион и лидерот во генералниот поредок Луис Хамилтон е најблиску до победа на утрешната трка низ улиците на Монте Карло.Триумфот во кнежевството не му е непознат на британецот ,но во 2008-та победи од третата позиција на гридот,за сега со првата пол позиција во Монако,43-та во кариерата,5-та сезонава да биде во уште поповолна ситуација пред својот тимски колега Нико Росберг кој се пласира на второто место по сериозните проблеми со блокирањето на десното предно тркало се чини повеќе како резултат на возачка грешка ,а не на технички проблем.Фетел не го потврди најдоброто време од третиот слободен тренинг и ќе стартува како трет,а веднаш до него ќе биде до неодамна неговиот клупски колега Рикардо.

Третиот ред ги потврдува релативно израмнетите префоманси на Ред Бул и Ферари во Монако и го комплетираат Квјат и Раиконен,а меѓу првите 10 на стартот се и Перез,Сајнц,Малдонадо и Верстапен.

Двоецот поранешни светски шампиони на Мекларен и натаму со проблеми. НА Алонсо му откажа болидот и ќе стартува од 15-тата пшозиција, а три места пред него ќе биде Џенсон Батон.

Трката на гламурот,престижот и богатството е  утре од 14 часот на собраниксиот серис на МРТ.