Фронтменот на „Редиохед“ сними песна што трае 18 дена

28.05.2015 11:58

Песната, насловена „Subterranea“, Јорк ја напишал за потребите на изложбата на британскиот уметник Стенли Донвуд, кој е автор на дизјаните на поголемиот број албуми на „Редиохед“...

Пејачот на групата „Редиохед“, Том Јорк сними нова песна што трае цели 432 часа, односно 18 дена.
 
Песната, насловена „Subterranea“, Јорк ја напишал за потребите на изложбата на британскиот уметник Стенли Донвуд, кој е автор на дизјаните на поголемиот број албуми на „Редиохед“.
 
Изложбата „Панична канцеларија“ се одржува во Сиднеј и ќе трае 18 дена, колку што е и должината на песната, наведува лондонски „Индепендент“.
 
Интересно е што песната постојано еволуира и во неа нема секвенци кои се повторуваат, а весникот ја опишува како „етеричен микс на амбиентални и експериментални звуци“.
 
Песната засега нема да биде достапна за симнување на интеренрт, а ќе ја нема ниту во продажба на ЦД како сингл. Оние што ќе сакаат да ја слушнат тоа ќе можат да го сторат на изложбата на Донвуд, која е отворена на 21 мај и ќе трае до 6 јуни.