МЗТ поведе со 1-0 против Куманово

29.05.2015 22:18

Трикратниот и актуелен шампион на Македонија се радуваше со 94-79 во арената „Јане Сандански“...

МЗТ Скопје ја потврди фаворитската улога против Куманово во првата пресметка од финалната серија до три победи во домашното кошаркарско првенство. Трикратниот и актуелен шампион на Македонија се радуваше со 94-79 во арената „Јане Сандански“.

Домашниот тим постојано имаше контрола на резултатот. Одлично функционираа Синовец, Самарџиски и Симоновски во првото полувреме за 52-40. На крајот Синовец заврши со 25 коша, Самарџиски со 15 и со 14 скока, а Лучиќ со 13 и Шеховиќ со 11 беа исто така со двоцифрен поен ефект кај МЗТ. Во редовите на Куманово најефикасни беа Костовски со 20, Луковиќ со 15 и Караџовски со 13 коша. Вториот натпревар од серијата е во Куманово в недела од 19 часот, со пренос на Собранскиот сервис на МРТ.