Кошарка жени - финале плеј - оф

Втора титула за Бадел

31.05.2015 22:42

Скопјанки вторпат по ред се шампионки, а сезоната во којашто дебитираа...

Продолжи доминацијата на Бадел во македонската женска кошарка. Скопјанки вторпат по ред се шампионки, а сезоната во којашто дебитираа во регионалното натпреварување ја зачинија со двојна круна и без пораз во домашните конкуренции.

Финалната серија против Кожувчанка, Бадел ја заврши со 2:0 со триумфот во Кавадарци со 66:53.