Кошарка – финале плеј – оф

МЗТ Скопје триумфално низ Куманово

31.05.2015 22:49

Во најголемиот дел од натпреварот кумановци имаа водство, во третиот период и од 11 поени разлика...

Кошаркарите на МЗТ Скопје се единствените кои сезонава славеа во Куманово и со вториот триумф се доближија на победфа до четвртата шампионска титула. Аеродромци поведоа со 2:0 во финалчната плеј – од серија, откако слевеа во Куманово со 107:2102 по продолженија. Во најголемиот дел од натпреварот кумановци имаа водство, во третиот период и од 11 поени разлика, но Симоновски во последната десетинка им донесе израмнување на аеродромци од 88:88 и дополнителни пет минути.

Големиот број промашени слободни фрлања го чинеа Куманово пораз иако тројца нагови кошаркарии имаа двоен поентерски ефект, Џекиќ 23, Луковиќ о 20 и Мандиќ со 19 коша, додека плејмејкерот Костовски оствари 12 асистенци.

МЗТ Скопје пак, имаше расположена четворка и тоа Шеховиќ со 23 поени и 12 скока, Симоновски собра 21 кош, Мијатовиќ 19, а Шапин реализираше 16 поени и 9 скока.

Третиот натпревар во којшто МЗТ Скопје може да ја одбрани титулата ќе се одигра во вторник во Скопје со пренос на МРТ - Собранискиот сервис.