Тенис - Ролан Гарос

Осминафинални дуели на Ролан Гарос

31.05.2015 22:55

Во четвртфиналето е и осмиот фаворит, Швајцарецот Вавринка кој со 3:0 го елиминираше домашниот тенисер, Симон...

Цонга - Нишикори е првата четвртфинална двојка на третиот тениски герн слем –с езонава, Ролан Гарос. Французинот со 3:1 беше подобар од четвртиот носител, Чехот бердих, додека Јапонецот без загубен сет славеше против Русинот Габашвили.

Во четвртфиналето е и осмиот фаворит, Швајцарецот Вавринка кој со 3:0 го елиминираше домашниот тенисер, Симон. Меѓу најдобрите осум, Вавринка ќе се соочи со победникот од уште една швајцарско - француска пресметка, Федерер - Монфис. Мечот е прекинат поради темница при 1:1 во сетови

По пауза од седум години, кога ја освои париската титула, српската тенисерка Ивановиќ повторно е во втората недела на Ролан Гарос откако со 2:1 триумфираше против Русинката Макарова. Нејзина противничка во четвртфиналето и тоа прво во кариерата, ќе и биде Украинката Свитолина која во два сета беше поуспешна од Французинката Корне. Поради дожд неделната програма доцнеше, па затоа за утре се презакажани осминафиналните дуели Сафарова - Шарапова и Пенета - Мугуруза.