Елиминација на Шарапова

01.06.2015 20:26

Шарапова го заврши учеството во Париз, а на машкиот дел од тенискиот гренд слем на терените на Ролан Гарос, денеска немаше потреси...

Во осминафиналето, главниот фаворит Ѓоковиќ во три сета го прати на трибините Гаске. На тој начин српскиот тенисер обезбеди соочување со Надал во следната рунда. Деветкратниот освојувач на гренд-слемот во Париз, Рафа Надал, денеска беше подобар од Сок со 3-1. Вториот фаворит Федерер со 3-1 го елиминираше Монфис, а идентични четири сета му беа потребни на Мареј против Шарди. Ферер беше убедлив против Чилиќ со 3-0 за четврфинале со Мареј. Другите двојки од оваа фаза се Федерер-Вавринка, Цонга-Нишикори и Ѓоковиќ-Надал.

Кај дамите, втората носителка Шарапова загуби од Сафарова со 7-6 и 6-4. Прворангираната Серена Вилијамс се радуваше против Стевенс со 2-1, а во два сета Мугуржа славеше над Пенета, како и Ерани против Гергес. Ван Утванк ја совлада Миту со 2-0. Во четврфиналето Серена Вилијамс ќе игра со Ерани, Ивановиќ против Свитолина, а Мугуружа со Сафарова.