Тенис - Ролан Гарос

Вавринка - Цонга во полуфиналето

02.06.2015 21:53

30 годишниот Вавринка го оствари само третиот, но највреден триумф во 19-те дуели со победникот на Ролан Гарос во 2009-та, Федерер...

Во очекување на утрешната четвртфинална пресметка меѓу најдобриот во светот, Ѓоковиќ и парискиот рекордер, Надал, елиминиран е седумнаесеткратниот грен - слем шампион, Федерер.

Подобар во четвртфиналето беше неговиот сонародник Вавринка кој ќе се соочи со Цонга. 30 годишниот Вавринка го оствари само третиот, но највреден триумф во 19-те дуели со победникот на Ролан Гарос во 2009-та, Федерер. Како осми носител, Вавринка со 6:4, 6:3 и 7:6 беше поуспешен од вториот фаворит Федерер и стигна до најголемиот успех на турнирот на париската земја.

Цонга пак, вторпат како и пред две години е во полуфиналето, откако со 3:2 го совлада Нишикори. Французинот имаше 2:0, Јапонецот се избори за петти сет во којшто Цонга беше поумешен со 6:3.

Покрај Ѓоковиќ - Надал утре во четвртфиналето ќе играат и Мареј - Ферер.