Ѓоковиќ конечно го разби малерот, го победи Надал на Ролан Гарос

03.06.2015 22:31

Се пласира меѓу 4 најдобри и доколку успее да го освои трофејот ќе биде во друштво на 8 елитни тенисери кои триумфирале на сите турнири од големата четворка...

Во мечот на гигантите Новак Ѓоковиќ беше убедлив против Рафаел Надал и му ја расипа прославата по повод 29 роденден на деветкратниот шампион на отвореното првенство на Франција.Првиот светски рекет кому од Грен Слем колекцијата му недостасува само Ролан Гарос го доби воведниот сет со 7 :5, што беше најава на голема победа над најуспешниот во историјата на турнирот. Вовториот беше 6 : 3 а во третиот во доминантна игра Новак му препушти на ривалот само гем. Со тоа српскиот тенисер конечно го совлада противникот од кого претходните 3 сезони загубидве финалињаи едно 1 /2финале. 

Се пласира меѓу 4 најдобри и доколку успее да го освои трофејот ќе биде во друштво на 8 елитни тенисери кои триумфирале на сите турнири од големата четворка. Дека е во животна форма потврди со освојувањето на Мастерс титулите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Рим. 

Од друга страна, Надал не успеа да стане првиот во историјата кој освоил 10 трофеи на еден Грен Слем турнир а ова беше само втор негов пораз во Париз, каде што има неверојатни 70 победи. Противник на Ѓоковиќ за влез во финалето е Енди Мареј, кој против Давид Ферер го доби првиот сет во тај брејк а вториот со 6 : 2. Во третиот Ферер се врати со 5 : 7, но Мареј возврати во следниот Претходно се оформи првата полуфинална двојка во која се Жо Вилфред Цонга и Станислас Вавринка.

На женскиот дел главната фаворитка Серена Вилијамс лесно ја совлада Сара Ерани во два сета со 6 1 и 6 3. Нејзина противничка во 1полуфиналето ќе биде Тимеа Башински која исто така оствари победа во 2 сета над Алисон Ван Утвајнг и тоа 6 :4 и 7 :5. Претходно пласман меѓу четирите обезбедија Ана Ивановиќ и Луси Сафарова.