Мис Пиги доби феминистирчка награда

05.06.2015 15:36

Центарот „Елизабет А. Саклер“ доделува годишни награди на жени кои биле пионерки на некое поле...

Куклената ТВ ѕвезда Мис Пиги од популарното Мапет Шоу доби награда за феминизам за нејзиниот општествен придонес.

„За тие што мислеа дека ќе ја расипам оваа прекрасна награда со претерана самопромоција – грешат. Дојдов овде само како жена и како уметник“, рече Мис Пиги.

Центарот „Елизабет А. Саклер“ доделува годишни награди на жени кои биле пионерки на некое поле. Мис Пиги како што велат, „отелотворува извонреден дух, решителност и трпеливост“, а генерациите обожаватели ги подучувала како да ги надминат пречките.