Виндоус 10 пристигнува на 29 јули

05.06.2015 15:47

Новиот оперативен систем е настанат со помош на четири милиони луѓе од целиот свет и претставува почеток на нова ера на лична технологија...

Компанијата Мајкрософт соопшти дека новиот оперативен систем Виндоус 10 ќе биде достапен од 29 јули во 190 земји во светот како бесплатна надградба за корисниците на Виндоус 7 и Виндоус 8.1.
 
Новиот оперативен систем е настанат со помош на четири милиони луѓе од целиот свет и претставува почеток на нова ера на лична технологија.
 
Од 29 јули корисниците ќе имаат една година да ја искористат предноста за бесплатно преминување на новата верзија. Откако Виндоус уредот ќе биде прилагоден на Виндоус 10, Мајкрософт ќе продолжи со бесплатно ажурирање додека постои поддршка за тој уред. 
 
Новиот Виндоус 10 има голем број иновативни карактеристики, но истовремено го враќа и Старт менито. Според Мајкрософт новиот Виндоус е поперсонален, позабавен и попродуктивен систем.