44-та пол за 44-Хамилтон

06.06.2015 23:01

Луис Хамилтон е најбрзиот на квалификациите на легендарната патека Жил Вилнев,до 6-тата пол-позиција сезонава стигна одново во директен дуел само со клупскиот колега Нико Росберг...

44-та пол позиција во кариерата за возачот на болидот со број 44.А, и првата ја освои како дебитант токму на канадското гран-при пред 8 години. Луис Хамилтон е најбрзиот на квалификациите на легендарната патека Жил Вилнев,до 6-тата пол-позиција сезонава стигна одново во директен дуел само со клупскиот колега Нико Росберг кој ќе стартува веднаш до него,а сите други барем половина секунда зад нив. Раиконен е „бест оф д рест„ или подобар од остатокот,заедно со Ботас ќе стартуваат од вториот ред,солидните Лотуси на Гросжан и Малдонадо ќе го пополнат третиот, а меѓу првите 10 на стартот место обезбедија и Хулкенберг,Квјат,Рикардо и Перез.

Канадското гран-при и досега понудило интересни трки,утрешната дополнително атрактивна откако по солидните тренинзи,но и по квалификациските проблеми Фетел и Маса ќе стартуваат меѓу последните,па најавуваат многу акција на трката закажана за 20 часот кога ќе стартува и преносот на македонската телевизија.