Хамилтон по 4-ти пат победи во Канада

07.06.2015 23:18

Луис Хамилтон е победник на 7-та трека во сезоната на патеката Жил Вилнев која знаела да понуди и многу поинтересни натпревари...

Тргна од првата позиција и заврши на неа за 37-ма победа во кариерата,4-та сезонава и 4-та на канадското гран-при по дебитантската во 2007-та. Луис Хамилтон е победник на 7-та трека во сезоната на патеката Жил Вилнев која знаела да понуди и многу поинтересни натпревари,но кога нема дожд и безбедносно возило и се се сведува на менаџирањето на горивито и пневматиците,а имајќи ја предвид супериорноста на Мерцедес, тогаш е јасно зошто без битка Росберг заврши на втората позија од која и тргна за нова 1-2 победа на лидерот во поредокот кај конструкторите.Од водечката четворка на стартот раиконен и Ботас го сменија своите позиции за прв пиедестал на Вилијамс оваа сезона,Кими  заврши 4-ти, а за акција на патеката според очекувањата по лошите квалификации се погрижија Фетел и Маса.Четирикратниот шампион од 18-тото место стигна до 5-тото,Маса од 8-от ред на гридот до 6-тото,а бодови освоија и Малдонадо,Хулкенберг,Квјат и Гросжан.

Батон и Алонсо на Мекларен Хонда одново не ја завршија трката, а до следната по 14 дена на А1 ринг за големата награда на Австрија Хамилтон е на првата позиција во поредокот сега со 17 поени пред Росберг и 43 пред третопласираниот Фетел.