Мурињо го поддржа Мојс

15.01.2014 14:01

И покрај неубедливите резултати на Манчестер јунајтед во досегашниот дел од сезоната, менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, смета дека работното место на неговиот колега Дејвид Мојс не е загрозено.

И покрај неубедливите резултати на Манчестер јунајтед во досегашниот дел од сезоната, менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, смета дека работното место на неговиот колега Дејвид Мојс не е загрозено.

„Според моите информации добиени од долгогодишната комуникација со Сер Алекс Фергусон, можам да заклучам дека раководните луѓе на клубот се спокојни. Тие му веруваат на Мојс. Затоа шкотскиот стратег не е под притисок, односно притисокот доаѓа однадвор. Во Манчестер јунајтед на Мојс гледаат како на тренер што ќе ја води екипата во наредните две, три, четири години, без оглед што во тековната најверојатно веќе е доцна за битка за титулата“, Мурињо ја анализираше ситуацијата во Манчестер јунајтед пред меѓусебното дерби на „Стенфорд бриџ“ наредниот викенд.