НХЛ

„Македонската“ Тампа поворно поведе

09.06.2015 20:20

Клучниот погодок за Тампа го постигна Пакете на три минути до крајот...

Македонија има можност за шампионски дел од најсилната хокерска лига и тоа преку Стивен Стамкос. Неговата екипа Тампа Беј поведе со 2:1 во НХЛ финалето против Чикаго.

„Молњити“ славеа на гости со 3:2 и ја вратија предноста на домашниот мраз. Иако е прва напаѓач на Тампа Беј, Канаѓанецот со македонско потекло Стамкос се уште нема ниту гол, ниту асистенција во пресемтклите за популраниот „Стенли куп“.

Клучниот погодок за Тампа го постигна Пакете на три минути до крајот. Следниот дуел ќе се одигра повторно Чикаго, а потоа серијата ќе се префрли во Флорида.