НХЛ, финална серија

Чикаго израмни на 2-2

11.06.2015 16:09

Резултатот сега е 2-2, а престгижниот „Стенли куп“ ќе му припадне на составот којшто прв ќе забележи четири победи. Брендон Сад го постигна решавачкииот гол за Чикаго по шест минути и 22 секунди игра во третиот период...

Чикаго го совлада тимот на Тампа Беј со 2-1 во четвртиот натпревар од финалната серија во канадско-американската професионална хокејарска лига. Резултатот сега е 2-2, а престгижниот „Стенли куп“ ќе му припадне на составот којшто прв ќе забележи четири победи. Брендон Сад го постигна решавачкииот гол за Чикаго по шест минути и 22 секунди игра во третиот период.

Со оглед на повредата на првиот голман Бен Бишоп, на голот на Тампа застана 20-годишниот дебитант Андреј Василевски, најмладиот голман што настапил во Ен-Ха-Ел финале по легендарниот Патрик Роа. Одбрани добро, но двата погодока на Чикаго беа доволни за триумф. Првиот го постигна Џонатан Теивс во втората третина. Алекс Килом израмни во 32-та минута и го постигна шестиот гол на последните десет меча во разигрувањето. Покрај валтери Филпула, асистентите беше и Стивен Стамкос, Канаѓанецот со македонско потекло. За него тоа беше првиот поен во финалната серија. 

„Ова се тешки натпревари. Мислев дека го имаме, но со едно були и со една контра тие победија“, рече Стамкос кој имапше две шанси да израмни во последната минута.

„Тампа беше подобра екипа, нема дилеми за тоа. Но ние победивме и тоа е најважно во овој период од годината“, натпреварот го сумираше Финецот Кимо Тимонен од Чикаго. Наредниот  е в недела наутро по македнско време на мразот на Тампа. Сигурно е дека ќе има уште еден дуел во Чикаго, а доколку биде 3-3, тогаш ќе решава мајстора во арената на Тампа Беј.