2-2 во големото финале

12.06.2015 20:57

Вориорси доминираа во поголемиот дел од 4-от натпревар, го добија првото полувреме со 12 поени разлика, а и последната четвртина со убедливи 27-12 за најубедлив триумф во досегашниот тек на големото финале...

Екипата на Голден Стејт го врати брејкот од вториот натпревар во финалната серија на американската професионална кошаркарска лига и со гостинскиот триумф над Кливленд со 103-82 израмни на 2-2 во серијата подобар од 7.

Вориорси доминираа во поголемиот дел од 4-от натпревар, го добија првото полувреме со 12 поени разлика, а и последната четвртина со убедливи 27-12 за најубедлив триумф во досегашниот тек на големото финале.

Игуадала и Кари со по 22 поена ги предводеа гостите до израмнувачката победа без оглед на одличната партија на Мозгов кој беше најдобар поединец  кај Кливленд со 28 поени и 10 скокови, но ја немаше поддршката од Леброн Џејмс чии 20 поени, 12 скокови и 8 асистенции се покажаа недоволни за победа на домашниот состав.

Следниот 5-ти натпревар ќе биде одигран в понеделник изутрина на теренот на Голден Стејт со што финалето влегува во наизменично менување на местото на одигрување на натпреварите.