Хокеј на мраз, НХЛ плеј-оф, финале

Стенли Купот за Чикаго

16.06.2015 13:36

Шампионските погодоци ги постигнаа бекот Данкан Кит во 38-та минута и напаѓачот Патрик Кејн на пет минути пред крајот, додека значаен придонес имаше и голманот Кори Крофорд, којшто со 25 одбрани ја сочува својата мрежа...

Хокејарите на Чикаго Блекхокс се годинашни лауреати во НХЛ Лигата. Третиот Стенли Куп трофеј во последните шест сезони, а вкупно шести во клупската историја го освоија по триумфот од 2-0 над Тампа Беј Латјтнинг во шестиот натпревар од финалната плеј-оф серија. Во неа губеа со 2-1 во победи, но со три последовни успеха остварија вкупни 4-2. Шампионските погодоци ги постигнаа бекот Данкан Кит во 38-та минута и напаѓачот Патрик Кејн на пет минути пред крајот, додека значаен придонес имаше и голманот Кори Крофорд, којшто со 25 одбрани ја сочува својата мрежа.

Признанието за најкорисен играч му припадна на Данкан Кит.

Чикаго првпат по 1938 му се израдува на престижниот пехар заедно со неговите навивачи. Последните три титули во 1961, во 2010 и во 2013 ги заслужи на гостински мраз.

Сите три круни во последните шест години ги освоија тренерот Жоел Киневел и седумина хокејари: капитенот Џонатан Тејвс, хероите од ноќешниот меч Кејн, Кит и Крофорд, како и Никлас Хјалмарсон, Брајан Бикел и Маркус Кругер.