Атлетика

Почина легендарниот Рон Кларк

17.06.2015 13:52

Атлетската филозофија на Рон Кларк беше дека може да се трчаат многу тешки трки, дека може да се трча често, да трча секој и насекаде и најважното, во секоја наредна трка да се биде побрз од претходните!

На 78-годишна возраст почина големото име на светската атлетика, Австралиецот  Рон Кларк. Се натпреваруваше во трките на средни и долги патеки. Во 60-те години од минатиот век беше еден од најдобрите во светот. Од познавачите е апострофиран како атлетичар, кој буквално внесе револуција во во трките од 1500 до 10000 метри. 

Атлетската филозофија на Рон Кларк беше дека може да се трчаат многу тешки трки, дека може да се трча често, да трча секој и насекаде и најважното, во секоја наредна трка да се биде побрз од претходните! Потврда за тоа се 17-те негови официјални светски рекорди, кои успеа да ги собори во текот на долгата кариера. Тој е освојувач на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 1964-та година во трката на 10.000 метри. 

По завршувањето на атлетската кариера Рон Кларк стана писател, а во подолг период беше истакнат политичар во Австралија.