Кошарка

Заре Марковски нов спортски директор

17.06.2015 20:50

Марковски кој како селектор пред 26 години првпат ја однесе Македонија на Европско првенство веќе го презеде спортскиот дел од обврските...

Се во Кошарларската федерација е подредено на настапот на македонската репрезентација на септемврискиот Европски шампионат, па Заре Марковски е нов спортски директор.

Марковски кој како селектор пред 26 години првпат ја однесе Македонија на Европско првенство веќе го презеде спортскиот дел од обврските, па учествуваше во разговорите со селекторот Александар Џикиќ и беше дел од  состанокот на регионалните федерации на којшто беше договорен нов начин на функционирање ма АБА лигата.