Хамилтон повторно доминира

20.06.2015 16:34

Британецот згреши и излета, се изврте во последните метри од последниот круг кога неговиот тимски колега му беше зад петиците, но истото му се случи и на Розберг кој што потоа излегувајќи од болидот...

Луис Хамилтон ја освои 7-та од можни 8 пол позиции сезонава, ќе стартува прв на трката за ГН на Австрија, утре од 14 часот во живо на МТВ.

Британецот згреши и излета, се изврте во последните метри од последниот круг кога неговиот тимски колега му беше зад петиците, но истото му се случи и на Розберг кој што потоа излегувајќи од болидот само фрустрирачки ги спои дланките, илустрирајќи каква шанса загубил.

Себастијан Фетел беше најбрз на тренинзите, но немаше доволно сила да го стори истото и на официјалните квалификации. Возачот на Ферари заврши трет, а другиот возач на италијанската екипа не ја помина ни првата сесија. Раиконен ќе стартува 18-ти.

Батон и Алонсо стартуваат од последниот ред поради казните за промена на агрегатот и менувачот. Во топ 10 се пласираа уште Маса и Ботас, Ферстапен, Квјат, Наср и Грожан, но и Квјат ќе оди назад затоа што е казнет, а истото важи и за Рикиардо.

Во двата поредока, доминантно водат Хамилтон и Мерцедес.