Европски игри - Баку

И пливачите со симболичен настап

23.06.2015 14:25

И пливачите се вклопија во сивилото, па 18 годишниот Љупчо Ангеловски беше 56-ти во конкуренција на 61 натпреварувач на 50 метри пеперутка. 15 - годишната Ана Марија Дамјановска пак, остана последна, 64-та во дисциплината 50 метри слободна...

Освен каратистите Емил Павлов и Марти Несторовски кои освоија бронзени медали и атлетичарот Ристе Пандев кој оствари солидни резултати, настапот на преостанатите македонски спортисти на Европските игри во Баку е симболичен. И пливачите се вклопија во сивилото, па 18 годишниот Љупчо Ангеловски беше 56-ти во конкуренција на 61 натпреварувач на 50 метри пеперутка. 15 - годишната Ана Марија Дамјановска пак, остана последна, 64-та во дисциплината 50 метри слободна.

До крајот на игрите коишто завршуваат в недела, Дамјановска ќе плива уште и на 50 метри слободно. Во истата дициплина, како и на 50 метри грбно ќе настапи и Ангеловски, додека Јана Серафимовска ќе учествува во двете спритерски трки грбно, на 50 и на 100 метри.

Во скромниот македонски дел од Првите европски спортски игри, место ќе има уште и за џудистката Катерина Николовска и тоа во категоријата до 63 килограми.