Ѓорческа успешна и во Прокупље

25.06.2015 16:49

Нашата претставничка, којашто е прва носителка, во второто коло ја совлада Аргентинката Ана Викторија Гоби...

Лина Ѓорческа обезбеди четврфинале во поединечна конкуренција на тенискиот турнир во Прокупље. Нашата претставничка, којашто е прва носителка, во второто коло ја совлада Аргентинката Ана Викторија Гоби со 6-3 и 6-3.

Во двојки, пак, Ѓорческа ќе игра финале во тандем со Нанчаров. Македонско - австралиската комбинација во полуфиналето беше подобра од аргентинското дуо Креспо – Гоби со 7-6 и 6-3.