МЗТ го чека потписот на Пипан

29.06.2015 19:04

Во создавањето на ликот за 2015-та/2016-та, македонскиот првак тргнува од тренерот. Се очекува Алеш Пипан да го стави потписот на новиот договор со екипата од Аеродром...

Откако стана јасно дека Јадранската лига ќе постои и наредната сезона, МЗТ Скопје се обидува да го оформи тимот којшто треба да ја одбрани домашната шампионска круна, да ја врати куп титулата и да го поправи пласманот во однос регионалното друштво.

Во создавањето на ликот за 2015-та/2016-та, македонскиот првак тргнува од тренерот. Се очекува Алеш Пипан да го стави потписот на новиот договор со екипата од Аеродром, а потоа во соработка со словенечкиот стратег, клубот да почне да ги решава прашањата за играчкиот кадар.  Пипан лани успеа да ја спаси сезоната со освојувањето на четвртиот првенствен пехар и поради тоа МЗТ Скопје сака да ја продолжи соработката со него.

На другиот крај на главниот град, во салата во „Градски парк“ главна тема не е како да се детронизира големиот ривал, туку како да се стабилизира клубот на финансиски план. Затоа работнички во следната сезона нема да троши премногу и со комбинација на искусни и на млади играчи ќе се обиде да му парира на МЗТ. Димитар Мираковски ќе остане во редовите на најтрофејниот клуб, којшто ќе се обиде на тренерското столче да го задржи Марин Докузовски.