Ренова сака да не прими гол

29.06.2015 19:06

Тимот од Кишињев нема пораз на претходните четири натпревари пред своја публика, а тоа посочува дека позитивен резултат на првиот натпревар утре на арената „Филип втори“, е основен услов за целосен успех...

Во фудбалот се уште нема регионална лига, па македонските претставници своите квалитети ги покажуваат на пошироко географско подрачје. Ренова ја доби молдавска Дачија за противник во првото квалификациско коло од УЕФА Европа лигата. Тимот од Кишињев нема пораз на претходните четири натпревари пред своја публика, а тоа посочува дека позитивен резултат на првиот натпревар утре на арената „Филип втори“, е основен услов за целосен успех.

„Мораме максимално да се залагаме доколку сакаме успех против Дачија. Веруваме дека можеме да победиме, а наша цел на утрешниот меч ќе биде да ја зачуваме нашата мрежа и да не примиме гол. Подготовките минаа добро и се надевам дека ќе одговориме на првиот европски предизвик“, веи тренерот на Ренова, Ќатип Османи.