Епл почна со производство на новиот Ајфон

01.07.2015 12:22

Освен хардверски подобрувања како камера од 12 мегапиксели, новиот модел ќе добие и ФорсТач технологија што претходно беше претставена на Епл Воч и МекБук преносниот компјутер...

Американската компанија „Епл“ почна со производство на следната генерација на Ајфон мобилни телефони, што ќе го носи името Ајфон 6С или Ајфон 7.

Освен хардверски подобрувања како камера од 12 мегапиксели, новиот модел ќе добие и ФорсТач технологија што претходно беше претставена на Епл Воч и МекБук преносниот компјутер.

Станува збор за технологија што може да регистрира јачина на допир на прстите на екранот, а во иднина би можела да внесува и низа други нови функции на телефонот, преку разни апликации.

Новиот уред на пазарот би требало да се најде во септември годинава.