Кошарка

Митев во Кожув, Ниоловски во Фени

02.07.2015 19:22

Амбицијата на гевгеличани е следната сезона со домашни играчи да ја освојат балканската БИБЛ лига...

Боби Митев се врати во македонската кошарка. По МЗТ Скопје Аеродром, Митев ќе биде тренер на Кожув. Амбицијата на гевгеличани е следната сезона со домашни играчи да ја освојат балканската БИБЛ лига.

Кире Николовски пак, најверојатно дресот на екипата од Јане Сандански ќе го  замени со оној на Фени Индустри. Крилниот центар кој немаше вистинска минутажа во МЗТ Скопје, практично ќе се врати во Кавадарци чијшто кошаркарски прволигаш најавува  формирање силен тим.