Футсал – Квалификации за СП 2016

Македонија против европскиот првак Италија

02.07.2015 19:25

Македонија ќе игра во групата со европскиот првак Италија којашто ќе биде домаќин на турнирот, потоа со Словачка...

Голем предизвик за футсал репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Светското првенство, следната година. Македонија ќе игра во групата со европскиот првак Италија којашто ќе биде домаќин на турнирот, потоа со Словачка, како и со најдобрата репрезентација од претквалификациите, Грузија, Молдавија, Андора или Гибралтар.

Двете најуспешни репрезентации во групата ќе обезбедат бараж за футсал мундијалот во Колумбија.