Тенис Вимблдон - 2 коло

Сензација, Браун го елиминираше Надал

02.07.2015 23:29

Со пласманот во третото коло, 30-годишниот Браун го повтори најголемиот успех и во кариерата и на лондонскиот грен - слем...

Сензација или можени не, двојниот шампион, Рафаел Надал е елиминиран од Вимблдон, но беше поразен од Германецот Дастин Браун од кого загуби и во единствениот претходенмеѓусебен дуел и тоа минатата сезона исто така на турнир на трева, во Хале.102-от светски тенисер, Браун кој има германски пасош, но потекло од Јамајка и од Англија, благодарение на офанзивната игра со 3:1 беше подобар од десеторангираниот Шпанец.

Првиот сет му припадна на Браун со 7:5, вториот на Надал со 6:3, додека во преостанатите, црномурестиот Германец беше подобар со по 6:4. Со пласманот во третото коло, 30-годишниот Браун го повтори најголемиот успех и во кариерата и на лондонскиот грен - слем.

По поразот од Ѓоковиќ во финалето во 2011-та, Надал ниту еднаш не ја мина четвртата рунда во Вимблдон и губеше од Киргиос, Дарцис и Росол.

Седумкратниот победник пак, сега втор фаворит Федерер рутински со 6:4 и двапати по 6:2 триумфираше против Американецот квери. Третиот, Мареј со 6:1 во првиот и во вториот сет и со 6:4 го совлада Холанѓанецот Хаасе, додека шестиот Бердих со 3:0 беше поуспешен од французинот Маху.

Од Топ 10 тенисерките, турнирот заврши за осморангираната Русинка, Екатерина Макарова која со 6:2 и 7:5 загуби од 65-та на ВТА листата, Магдалена Рибарикова од Словачка.

Актуелната шампионка Квитова, како втора фаворитка и препушти само два гема на Јапонката, Нара. Петтата, Вознијацки во два сета беше подобра од Алертова од Чешка, исто како и десетата, Кербер која славеше против Русинката Пављученкова.