Олимпизам

Рим во трка за нова олимписка вечност

03.07.2015 13:29

Главниот град на Италија им се придружува на Бостон, Хамбург и Париз, кои претходно го официјализираа влегувањето во трката за организација на најголемиот светски спортски настан. „Вечниот град“ во 1960-та година ги отвори своите порти за спортистите од целиот свет...

Италијанскиот олимписки комитет објави дека Рим влегува во кандидатура за домќин на Летните олимписки игри во 2024 година. Со тоа главниот град на Италија им се придружува на Бостон, Хамбург и Париз, кои претходно  го официјализираа влегувањето во трката за организација на најголемиот светски спортски настан. „Вечниот град“ во 1960-та година ги отвори своите порти за спортистите од целиот свет. Ги организираше 17-те Олимписки игри со учесто на 5338 спортисти од 83 земји. Касијус Клеј, Абебе Бикила, Вилма Рудолф, Армин Хари... беа дел од плеадата незаборавни олимписки јунаци.

Последниот рок за аплицирање, поставен од Меѓународниот олимписки комитет е 15-ти септември оваа година. До април или мај 2016-та година ИОК ќе ги разгледува понудените услови од страна на градовите кандидати, а на 15-ти септември 2017 година ќе се одржи завршното гласање.

​Домаќин на Летните Игри во 2016 година е Рио, а во 2020 година е Токио.