Преку Естонија до посакувано полуфинале

09.07.2015 17:44

Пресметките на Балтикот можат да бидат решавачки во групата во којашто шестпати ќе играме дома, а четирипати на гости. Одбојкарскиот серијал ќе почне утре, со пренос на Првиот канал на Македонската телевизија од 20 часот...

Македонските одбојкари веќе се во Парну каде што се подготвуваат за двата натпревара со Естонија во Европската лига. Пресметките на Балтикот можат да бидат решавачки во групата во којашто шестпати ќе играме дома, а четирипати на гости. Одбојкарскиот серијал ќе почне утре, со пренос на Првиот канал на Македонската телевизија од 20 часот.

„Ако освоиме 21 бод како и во минатата сезона, мислам дека ќе играме полуфинале“, категоричен е коректорот Јовица Симовски.

„Не треба да размислуваме за другите натпревари. Треба да одиме постапно и да освојуваме што повеќе бодови. На тој начин ќе направиме атмосфера за добар вкупен резултат“, вели техничарот Филип Деспотовски.