Тенис - Вимблдон полуфинале

Федерер и Ѓоковиќ за најпрестижната титула

10.07.2015 21:02

И двајцата тенисери резултатски рутински со по 3:0 ги одработија полуфиналињата...

Вимблдонскиот рекордер против актуелниот шампион и најдобар светски тенисер, Роџер Федерер против Новак Ѓоковиќ во финалето на 129-то издание на најпрестижниот тениски грен - слем. И двајцата тенисери резултатски рутински со по 3:0 ги одработија полуфиналињата. Седумкратниот победник Федерер со по еден брејк во трите сета го совлада Енди Мареј и се пласираше во десетото финале на лондонската трева. Швајцарецот оствари 56 директни поени или дури 21 повеќе од Британецот и затоа славеше двапати со по 7:5 и со 6:4. Ова  е четврта победа по ред за Федеер во дуелите со Мареј во коишто има позитивен ефект од 13:11.

Ѓоковиќ пак, ќе ја продолќи одбраната на титулата  откако со 7:6 и 6:4, 6:4 го совлада Ришар Гаске. На Србинот му беше потребен еден сет да се прилагоди на еднорачниот бекхенд на Французинот и за да ја освари 13-та побед аво 14-те дуели со Французинот. Во речиси сите статистчки елементи Ѓоковиќ беше поуспешен, но клучен беше лошиот прв сервис на Гаске од само 51 процент.

За Ѓоковиќ ова ќе биде четврто финале во Вимблдон,  вториот и тоа минатата година го освои со триумфот во митското финале во пет сета против Федерер. Во 2012-та пак, во полуфиналето се радуваше Федерер кој има една победа повеќе во 39-те меѓусебни дуели со Ѓоковиќ. Во грен - слем финалињата е израмнето 1:1.

За трофејот кај дамите утре ќе играат Американката Серена Вилијамс која има пет титули на Вимблдон и шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза која со првиот пласман во финале на еден од четирите највредните турнири го постигна најголемиот успех досега во кариерата. 2:1 е за првата светска тенисерка во меѓусебните пресметки.