Кошарка

Илиевски во италијанска Орландина

10.07.2015 21:06

Од четиринаесете европски екипи за коишто настапуваше, Илиевски во периодот од 2005-та до 2008-ма играше за италијанските Лотоматика Рома, Болоња и Монтепаски Сиена...

И на 35 години македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски ќе ја продолжи кариерата на врвно ниво. По Цибона минатата сезона, Илиевски ќе се пресели во Орландија, поточно ќе се врати во Италија.

Од четиринаесете европски екипи за коишто настапуваше, Илиевски во периодот од 2005-та до 2008-ма играше за италијанските Лотоматика Рома, Болоња и Монтепаски Сиена.

По кратката пауза, Илиевски повторно ќе го облече дресот со државниот грб и ќе игра на претстојното Европско првенство.