Кошарка ЕП У20 - Б дивизија

Макимален ефект за влез во втората фаза

13.07.2015 23:30

Македонија го потврди пласманот во втората фаза и првото место во Групата Ц со максималниот ефект од три победи...

Оддамна некоја од помладите македонски селекции не остварила добар резултат, па радуваат победите на кошаркарите до 20 години на Европското првентво в Б дивизијата во Унгарија. Македонија го потврди пласманот во втората фаза и првото место во Групата Ц со максималниот ефект од три победи.

И со дозирање на напорите, младите македонски кошаркари ја совладаа Швајцарија со 73:63. Иако нашиот прв играч и втор стрелец на шампионатот Магдевски имаше скромен учинок од 9 поени, расположени беа Младеновски со 16, Мекиќ со 15 и Бакоч со 11.

Со оваа победа Македонија пренесе два бода во четвртфиналната група Ф, исто како и најдобрата селекција од конкуренцијата Д, Шведска. Прв противник на нашата репрезентација в петок ќе и биде домаќинот Унгарија. Со евентуелан триумф, Македонија ќе обезбеди полуфинале и ќе биде само на победа до пласман во поквалитетната, А дивизија. Трите најдобри репрезентации од турнирот во Сехешфехевар на наредното превство ќе играат во повисок ранг..