Успешна средба со Плутон

15.07.2015 11:49

Средбата со Плутон беше последната станица на големата турнеја на НАСА низ Сончевиот систем изминатиот половина век...

Леталото Њу Хорајзон се јави во командниот центар НАСА дека мисијата е успешно завршена 13 часа по најблискиот прелет покрај Плутон. Научниците, освен фотографии од планетата, ги добија првите податоци и се очекува да ги објават во текот на денов, а нивното собирање ќе трае 16 месеци.

Њу Хорајзон се наоѓа на околу 5 милијарди километри од Земјата, што предизвикува петчасовно доцнење на комуникацијата. Средбата со Плутон беше последната станица на големата турнеја на НАСА низ Сончевиот систем изминатиот половина век.

Патувањето на Њу Хорајзон почна пред 9 ипол години кога Плутон се уште беше сметан за планета.