Македонија лесно со Ерменија

15.07.2015 20:14

На стартот денеска нашите тенисери отворија со убедлива победа против Ерменија...

Томислав Јотовски,Димитар Грабул,Бојан Јанкуловски и Горазд Србљак ќе се обидат да ја вратат македонската дејвис куп репрезентација скалило погоре во светскиот тенис,иако задачата е исклучително тешка. Треба да се освои првото место во групата со Ерменија и Норвешка,а потоа да се мине успешно и низ плеј-офот бидејќи само 2 селекции од 13-те во 4-те групи ќе минат во втората група од европската зона.

На стартот денеска нашите тенисери отворија со убедлива победа против Ерменија. Во воведниот натпревар Грабул со 6-1 и 6-2 славеше над Качатурјан, а веднаш по него Јотовски на Аветисјан му препушти само 1 гем во двата сета, по што мечот во двојки во кој настапија Јaнкуловски и Србљак беше повеќе ревијален но за самодоверба славеа со 2-0 пред следното искушение дуелот со Норвешка в петок, најверојатно за прво место во групата што води во полуфиналето.