Мајка победи, Фрум во жолто

15.07.2015 20:19

Се очекуваше калкулирање,шанса да се почувствува силата и подготвеноста на конкурентите.Сепак на 5 километри пред целта во Ла Пјер Сент Мартан носителот на жолтата маичка Крис Фрум ги стави на тест сите останати ...

Дали најпрестижната велосипедска трка  Тур Д Франс заврши уште пред да почнат вистинските возбудувања? Само што ги здогледаа првите врвови на Пиринеите големата група велосипедисти во која се и фаворитите се распадна како кула од карти.

Виновникот е лидерот во генералниот пласман британецот со кениско потекло Крис Фрум.10-тата етапа што требаше да биде вовед во вистинските возбудувања во подножјето на Пиринеите со ридска цел на скромни 1.610 метри надморска височина беше првиот посериозен предизвик,тест но и патоказ за текот на трката понатаму.

Се очекуваше калкулирање,шанса да се почувствува силата и подготвеноста на конкурентите.Сепак на 5 километри пред целта во Ла Пјер Сент Мартан носителот на жолтата маичка Крис Фрум ги стави на тест сите останати и успеа во соло бег да ја зголеми предноста на цели 2 минути и 52 секунди во однос на второпласираниот Ти Џеј Вангардерен,3 минути и 9 секунди пред специјалистот за ридски етапи Наиро Квинтана,повеќе од 4 минути во однос на победникот на Џиро, Алберто Контадор и речиси неверојатни 7 минути пред Винченцо Нибали.

Предност и временски разлики често доволни со рутинско возење да се одржат до крајот,но дали феноменалната победа на Фрум на 10-тата етапа беше вистински одраз на неговата севкупна подготовка или ризик за триумф но и исцршување од кое тешко се враќа добиваме одговор на денешната 11-та етапа од По до Вале Д Сент Саван долга 188 километри со искачување на легендарниот ТурМале на 2115 метри во финишот на етапата составена од вкупно 6 ридски цели.

Етапата ја освои велосипедистот на Тинкоф Саксо,Рафал Мајка,прв мина преку ТурМале и ја освои наградата од 5.000 евра и трофејот Жак Годе, но убедливиот триумф со 6 минути во однос на групата на жолтата маичка не предизвика промени на врвот во поредокот во генералнииот пласман откако Фрум успеа да ги исконтрилира директните конкуренти за највисок пласман.