Родригез победник на етапата, Фром и натаму сигурен лидер

16.07.2015 19:09

Искусниот 36 -годишен велосипедист кој настапува за рускиот тим Катјуша ја оствари втората етапна победа годинава, а вкупно треба во кариерата на трката низ Франција...

Шпанецот Жоаким Родригез е победник на 12 етапа на велосипедската трка Тур Д‘Франс, што се возеше на релација Ланмеза – Плато ди Бел во должина 195км.

Тоа беше трета едноподруго планинска етапа со неколку искачувања меѓу 1600 и 2000 метри. Искусниот 36 -годишен велосипедист кој настапува за рускиот тим Катјуша ја оствари втората етапна победа годинава, а вкупно треба во кариерата на трката низ Франција. Ги издржа сите напори, кои покрај нагорнините беа дополнително отежнати со грмотевици и врнежи од дожд и од град.

Родригез имаше соло финиш со минута и 12 секунди предност пред Јакуб Фулсанг и речиси две минути пред Ромен Барде. Сепак, тоа ништо не поремети во генералниот пласман каде што жолтата маичка сеуште љубоморно ја чува Британецот Крис Фром, со предност од 2, 52 минути пред американецот Тиџеј Ван Гардерен. Следната 13 етапа е нешто порамна, а ќе се вози на релација Муре – Родез, во должина од 198 ипол километри.