Нема прогрес за тенисерите

17.07.2015 19:52

Јотовски претрпе пораз од Виктор Дурасовиќ со 6-4, 3-6 и 6-7, а Грабул од Каспер Руд со 6-1, 2-6 и 1-6. Мечот во двојки немаше значење, а и во него нашите тенисери Јанкуловски и Србљак беа поуспешни во првиот сет со 6-4...

Македонските тенисери не успеаја да останат на курсот кон втората евроефриканска зона од Дејвис купот. По триумфот над Ерменија со 3-0, денеска загубија од Норвешка исто така со 3-0 и го освоија второто место во групата „Це“ на турнирот во Сан Марино. Томслав Јотовски и Димитар Грабул беа поразени иако го освоија првиот сет.

Јотовски претрпе пораз од Виктор Дурасовиќ со 6-4, 3-6 и 6-7, а Грабул од Каспер Руд со 6-1, 2-6 и 1-6. Мечот во двојки немаше значење, а и во него нашите тенисери Јанкуловски и Србљак беа поуспешни во првиот сет со 6-4.

Потоа Бјерке и Стеиро направија пресврт со 6-3 и 6-4. Македонија утре ќе се надмудрува со Грција во битка за пласман од петтото до осмото место, а Норвежаните се најдобри во групата и ќе играат во полуфиналето на третата европска зона од Дејвис купот. Финалистите во 2016-та ќе настапуваат во втората евроафриканска.