Можеби и втора наша екипа во АБА?

17.07.2015 20:03

Ќе има квалификациски турнир, а на него нашата кошарка би требало да биде претставена од Куманово како актуелен вицепрвак. Во случај Кумановци да одбијат, тогаш правото на учество во квалификациите би се пренело на некоја наша друга екипа...

АБА лигата наредната сезона ќе брои 14 екипи, а меѓу нив покрај МЗТ Скопје, првпат можеби ќе има уште еден македонски претставник. На денешниот состанок во Подгорица, раководството на регионалната кошаркарска конуренција реши Унион Олимпија да остане во Јадранското друштво, а со тоа Словенија да има три тима. Поради оваа одлука, лигата ќе се прошири, а тоа дава можност за учество на втора екипа од Македонија, од Црна Гора и од Босна и Херцеговина или на четвртопласираната од хрватскиот шампионат.

Ќе има квалификациски турнир, а на него нашата кошарка би требало да биде претставена од Куманово како актуелен вицепрвак. Во случај Кумановци да одбијат, тогаш правото на учество во квалификациите би се пренело на некоја наша друга екипа.

Сигурно е дека македонскиот првак МЗТ Скопје четврта сезона по ред ќе настапува во АБА лигата, а според ждрепката, во првото коло ќе игра со Унион Олимпија во Љубљана на втори октомври. Потоа во Скопје ќе дојде Металац, а во третото коло МЗТ ќе гостува кај Партизан. Евентуално македонско дерби може да се случи во шестото и во 19-тото коло.