Дали и кога некој ќе го нападне Фрум?

18.07.2015 19:13

Во спортот во кој и среќата игра битна улога бидејќи пад или механички дефект па и дупната гума можат да ги сменат работите...

Британецот со кениско потекло жолтата маичка ја презеде по 7-та  етапа,во 10-тата со феноменален триумф ја зголеми предноста во однос на конкурентите и со фантастична подршка од своите колеги од екипата без проблем се одржува на врвот во поредокот во очекување на Париз и елисејските полиња.

Во спортот во кој и среќата игра битна улога бидејќи пад или механички дефект па и дупната гума можат да ги сменат работите. 2 минути и 52 секунди во однос на Ти Џеј Ван Гардерен, 3.9 пред Наиро Квинтана, 3.58 во однос на Валверде и нешто над 4 минути пред Томас и Контадор не се недостижни,но барем засега ниту еден од нив не успева да намали ниту секунда.

И по неколку етапи се чини ќе биде така се додека некој од нив или неколку екипи заедно не соберат храброст и не подготват тактика да нападнат.Можеби и тоа нема ништо да смени бидејчќи Скај и Фрум делуваат неверојатно моќни,но барем другите ќе знаат дека пробале.Вака се се сведува на маркирањето на Фрум,контролата на Скај и шансата на поединци да запишат етапна победа на Тур Д Франс.

На 13-тата етапа тоа му успеа на велосипедистот на Бе Ем Це ,Грег ван Авермет во спринтерски фото финиш пред Петер Саган што е многу блиску до прекарот вечно втор,но ако е за утеха се врати на врвот во класификацијата на поени и натаму остана во зелената маичка иако за момент ја загуби од Андре Грајфел.Денешната и наредните две етапи до слободниот ден на 21 јули се со средна тежина и транзициски за да се стигне во подножјето на Апите.

Дали таму конкуренцијата ќе се обиде да зададе удар на Фрум останува да се види иако и 14-тата етапа од Родес до Манде долга 178 и пол километри дава можност за обид со интересната конфигуразија и трите ридски цели,една од втора и две од 4-та категорија.

Сепак, победи велосипедист од бегот, јужноафриканецот од Кубека Стивен Куминг,што не само што не предизвика промена на врцот,туку Квинтана доби секунда плус од Фрум,а Контадор дополнителни 19 секунди.