Ф1 остана без Бјанки

18.07.2015 19:16

„Жил се бореше до самиот крај, како и секогаш, но денеска неговата борба заврши“-се вели во соопштението од неговото семејство...

По 9 месеци во кома почина Ф1 возачот Жил Бјанки. „Жил се бореше до самиот крај, како и секогаш, но денеска неговата борба заврши“-се вели во соопштението од неговото семејство.

Бјанки беше во кома последните 9 месеци откако со болидот на Марусија удри во дигалката на јапонското гранд-при што во тој момент го отстрануваше болидот на Адриан Сутил кој излета неколку минути порано.Остана дилемата дали Бјанки добил тимска наредна да не ја намали брзината и покрај лошите услови и жолтите знамиња,дали сам донел таква одлука или едноставно немал среќа.

Бјанки е роден на 3 август1989-тата во Ница во семејство со голема традиција во авто спорот.Неговиот дедо Мауро три пати бил светски првак во ГеТе класата,неговиот чичко Лусиан победник на култната 24 часа Ле Ман.

Во формула 1 Жил дебитира во 2013-тата за тимот на Марусиа,но неговиот прв контакт со Ф1 е 2 години порано како тест возач на Ферари по завршувањето на академијата на тимот од Маранело.Претходно во 2007-та беше шампион на француската Формула Рено и во 2009-тата во формула 3 европската серија.Во формула 1 настапи на 34 трки и забележа 2 поена.По Ајритон Сена 94-тата во сан марино,Бјанки е вториот возач што загинал непосредно на гранд-при трка во последните 21 година.