Соборени рекордите на посетеност на фестивалите во Прилеп и Дојран

20.07.2015 13:55

На завршната вечер во Прилеп, на „Пиво фест“, вистинска ерупција на задоволство кај публиката со настапите на Оливер Драгојевиќ и Наум Петрески, а претходно повеќеилјадната публика ја забавуваа Дино Мерлин и Гоца Тржан...

Фестивалите во Прилеп и во Дојран одново ги соборија сите рекорди по посетеност, и секако, консумирање храна и пијалаци. На завршната вечер во Прилеп, на „Пиво фест“, вистинска ерупција на задоволство кај публиката со настапите на Оливер Драгојевиќ и Наум Петрески, а претходно повеќеилјадната публика ја забавуваа Дино Мерлин и Гоца Тржан.

Покрај туристите, вкупно 13 илјади гости се регистрирани на фестивалот во Дојран, кој заврши вчера со спектакуларен огномет. Во Дојран беа поставени илјада шатори од љубителите на Ману Чао, Џан Лука и Габриел.